English (UK)macedonain

Услуги

  • Изработка и одржување на web страници

    Зошто и е потребна интернет страна на мојата компанија? Web страната е лицето на секоја компанија.

     

    Со денешното брзо темпо на живеење модерните клиенти најчесто бараат информации за услуги или производи преку интернет. Претставете ја Вашата компанија и претставете ги производите и услугите кои ги нудите, брендовите кои ги застапувате, вредностите кои ги имате на лесен и ефикасен начин кој ќе биде препознатлив за Вашата компанија. Вашата web страна нека биде лицето на професионалноста која ја нудите.

  • Изработка и одржување на FACEBOOK страници

    Facebook страната како и web страната треба да ја одразува професионалноста на Вашата компанија.

     

    Тука лежи моќта на социјалните мрежи и можноста за директна комуникација со Вашите клиенти, интеракција и суптилна промоција на Вашите вредности, брендови производи и услуги. 

  • Рекламирање

    Зависно од Вашите потреби и можности Ви нудиме совети за Ваше интернет рекламирање.

     

    Зависно од Вашите потреби, Ве советуваме кој начин на рекламирање е најдобар за Вас и како да го опфатите Вашиот таргет.

    А зошто реклама преку интернет?

    Интернетот донесе многу уникатни бенефиции за маркетингот од кои издвојуваме неколку. Пониската цена на дистрибуција и медиуми за глобалната публика е една од нив. Можноста за да ја видат рекламата само одредена група на луѓе е друга, па буџетот за одредена кампања е поефикасно искористен со тоа што Вашата реклама ја гледаат само луѓе кои пројавуваат интерес за пораката која сакате да ја пренесете.Интерактивната природа на интернет маркетингот, како за обезбедување на инстантен одговор од страна на публиката, така и за предизвикување на нивната реакција, е уникатен квалитет на ваквиот медиум. Сето ова е предност на интернетот наспроти можностите кои ги нудат телевизијата и радиото како медиуми. Нашиот тим може да Ви понуди целосна интернет кампања, која опфаќа повеќе услуги во пакет во зависност од Вашите желби, потреби и буџет на располагање и негово соодветно распределување.

    Рекламирање преку банери webpool

    Ви нудиме можност за рекламирање преку банери на повеќе од 20 web страни истовремено, со опфат на повеќе од 50% од интернет корисниците во Македонија. Во зависност од Вашите потреби и буџетот со кој располагате, доколку Ви е потребен голем број на луѓе на кои сакате да ја пренесете Вашата порака или кои сакате да ја Видат Вашата реклама можете да се рекламирате на сите страни или доколку сакате конкретно на одредена таргет група, можете да се рекламирате само на одредени страни со специфичен таргет. Webpool-oт е составен од страни со различни таргет групи со што можеме да ви излеземе во пресрет на Вашите потреби.

    Рекламирање преку банери на порталот за родители SeZaDeca.com

    Ви нудиме рекламирање преку банери на интернет портал наменет за родителите кои сакаат да го зголемат квалитетот на одгледувањето и воспитувањето на своите деца. Доколку Вашата реклама и порака која сакате да ја пренесете е наменета за родителите или за луѓе на возраст од 25-45 години ова е идеалното место за Вашата реклама.

    Рекламирање на Facebook

    Искористете ја моќта на социјалните мрежи и употребете ја во Ваша полза. Рекламирајте се на Facebook, со буџет кој го одредувате сами, таргетирано само кон луѓе кои сметате дека ќе бидат заинтересирани за тоа што го нудите со можност за интеракција со Вашите потенцијални клиенти како никогаш досега.

    PR статии

    Објавете свои текстови на повеќе сајтови. Читателите нека дознаат за Вашиот бренд и вредностите кои ги застапувате преку текстови објавени на повеќе сајтови, повторно во зависност од таргетот за кои сте заинтересирани.

  • Web Pool

    Web Pool - Македонска дигитална маркетинг мрежа

     

    Web Pool е дигитална маркетинг мрежа составена од повеќе Македонски веб страни од различни категории, специјално избрани за достигнување на максимален дострел до сите социо-демографиски групи. Со закуп на реклама во Web Pool, Вашата рекламна порака ќе допре до повеќе од 50% од сите интернет корисници во Македонија, што е најголем досег до интернет корисници во Македонија.

    Со рекламирање во Web Pool ги добивате следните придобивки:


    1. Интернет рекламирање на топ позиции на повеќе од 20 веб страни специјално избрани за достигнување најголем досег до интернет корисници


    2. Гарантиран број на остварени импресии и досег до целната група


    3. Ограничување на прикажувања по корисник (мин. 3 пати на корисник за времетраење на кампања)


    4. Можност за прикажување повеќе реклами на иста позиција и ретаргетирање


    5. Бесплатна статистика за ефективност на рекламите


    6. Мерење на успешни кликови и акции (потребно е да се постави код на целната страна)


    7. Географско таргетирање


    8. Социо-демографски закуп на импресии


    Кои се предностите на Web Pool во спредба со фиксен закуп на банери?

    Кај фиксен закуп плаќате фиксна цена за прикажување на само една страна, додека во Web Pool цената е во зависност од големината на кампањата и се прикажува на повеќе од 20 страни.


    При фиксен закуп банерот се прикажува цело време на иста позиција, а посетителите со време развиваат слепа точка кон тоа поле, со закуп по импресии на иста позиција се прикажуваат повеќе реклами и тоа поле е попривлечно за посетителите.


    Преку фиксен закуп нема прецизно следење на успешноста на кампањите. Секој сајт дава извештај за посетеност само за својот сајт со што се добива нереална слика за посетеноста на кампањата, бидејќи не се земаат во предвид корисниците кои се дуплираат на сите сајтови. Во Web Pool кампањата се мери од централно место при што точно се знае дострелот (опфатот) и фреквенцијата на кампањата.


    За промена на креативи при фиксен закуп треба подолго време бидејќи треба да се контактира секој сајт одделно, а може да настанат и технички проблеми при поставување на банерите. Во Web Pool банерите се менуваат истантно на сите сајтови кои се вклучени во кампањата, а воедно може истовремено да се прикажуваат повеќе креативи (пр. 2 креативи за еден град, 2 за друг итн.)

  • Хостинг услуги

    Со секоја изработена web страна добивате вклучен едногодишен период за хостирање на наши сервери.

     

    Но, што по истекувањето на тој едногодишен период? Ви нудиме можност за складирање на Вашата страна на наши сервери, а со тоа избегнување на проблеми околу барање на соодветно решение за хостирање или пренесување на страната.

  • Професионална фотографија

    Една слика илјада зборови.

     

    Водејќи се од оваа мисла сметаме дека е битно претставувањето на Вашите производи или услуги да се направи преку фотографија. Фотографијата е дел од рекламата што најпрво се забележува и што го привлекува вниманието на клиентите.

  • Презентациски видеа

    Подготвувате презентација наменета за Вашите соработници или клиенти?

     

    Дозволете ни да Ви помогнеме со изработка на презентациски видеа базирани на професионални фотографии и доловете го ефектот кој сакате да го постигнете со Вашата презентација.

back to top
Top of Page